34-годишниот напаѓач на Јувентус упати апел за пронаоѓање на мистериозните вработени во Мекдоналдс, вклучувајќи и жена по име Една, за време на интервјуто за ИТВ со Пирс Морган.

Тој се сетил дека тој и уште неколку деца од детскиот клуб Спортинг Лисабон тропале на вратата на Мекдоналдс веднаш до стадионот и добиле храна од Една и уште две тогаш девојки кои не ги сретнал повторно.

Познатиот фудбалер вели дека доколку го пронајде триото би сакал да ги покани на вечера во Торино или Лисабон. Паула Лека излегла пред јавноста и кажала дека таа е една од трите жени и среќно ќе прифати покана за вечера од фудбалерот.

Таа за португалската радио станица изјавила: „Тие ќе се појават пред ресторанот и кога ќе останеа хамбургери нашата менаџерка Една ни даваше дозвола да им ги дадеме. Едно од момчињата беше Кристијано Роналдо кој беше можеби најсрамежлив срамежлив од сите нив. Ова се случуваше скоро секоја вечер секоја недела. Сè уште се смеам за сето тоа. Веќе му кажав на мојот син за тоа, но тој мислеше дека е шега затоа што тој не можеше да си замисли дека неговата мајка некогаш му давала хамбургер на Кристијано Роналдо. Мојот сопруг веќе знаеше за тоа, затоа што понекогаш одеше да ме собере од работа ноќе и тој исто така го виде. Смешно е да се вратиме на нешто што се случило многу одамна. Тоа ја покажува неговата приземјеност. Барем сега луѓето знаат дека ова не е измислица.“

За жал Паула вели дека го изгубила контактот со нејзината поранешна менаџерка Една, но се надева дека и таа наскоро ќе се јави.

Роналдо во најновото интервју се отворил за својот живот и проблемите со справување со славата, како и сеќавањата на неговиот сега починат татко.

Сподели на Facebook
пати видено