За Меган Саливен, 2014 била тешка година. Во ноември, паднала додека се качувала по карпи во Националниот парк Јосемити. Три дена потоа била удрена од автомобил додека се возела на нејзината Веспа. Недела подоцна ѝ бил дијагностициран рак на кожата.

Звучи како сосема доволно да се свиткате во клопче и да заплачете, но тогаш не би биле како Саливен. И покрај сите овие маки, таа решила дека сега е совршеното време да оствари една од нејзините животни цели: да патува околу светот! Ако не сега, тогаш кога?

 sl01

„Денес го победив ракот како ГАЗДА“, известила Саливен на нејзиниот Инстаграм. Во декември 2014 добила потврда дека е целосно здрава, и ова искуство ѝ покажало дека не смее да дозволи стравот да контролира со нејзиниот живот.

Ова е маршрутата на Саливен. За патот ѝ биле потребни 13 дена непрекинато патување.

sl02

Од работа можела да отсуствува најмногу тринаесет дена, но таа ги искористила најдобро што можела. Во декември напишала: „Три години мечтаев да го пропатувам светот, а навистина да го остварам тоа се решив на десет дена пред тргнувањето на пат, со три часа планирање и заедно со тип кој го знам само две недели.“

Како што знаат тие кои патуваат, сопатникот може да го направи патешествието совршено, или да го упропасти. Саливен решила да патува со нејзиното ново момче, Крис Мекнамара. Пред тоа, таа мислела да патува сама, но решила да го поведе и него. Со само три часа планирање, тие успеале да го видат ова:

1. ден: Чичен Ица, Мексико

sl03

2. ден: Мачу Пикчу, Перу

sl04

4. ден: Христос Искупителот, Бразил

sl05

6. ден: Колосеум, Рим

s06

8. ден: Петра, Јордан

sl07

11. ден: Таџ Махал, Индија

sl08

12. Големиот Ѕид, Кина

sl09

13. Долината Јосемити, САД

sl10

Сподели на Facebook
пати видено