Како во романтичен филм – двајца луѓе кои зачнале дете без воопшто да се познаваат на крајот се венчале и основале семејство. Амина Харт и Скот Андерсен од Викторија, Австралија, за првпат се запознале во 2013, една година по раѓањето на нивната ќерка Лејла. Андерсен бил донатор на сперма, а Харт се решила на вештачко оплодување по трагичната загуба на нејзините два сина Марион и Луис, кои почнале како резултат на генетско нарушување. Таа сакала пак да стане мајка, но не ни замислувала дека раѓањето на нејзината ќерка Лејла ќе ја доведе до љубовта на нејзиниот живот.

sv01

Кога девојчето се родило во совршена здравствена состојба, на Амина ѝ олеснало, но со оглед на тоа што и самата пораснала без татко, отсекогаш сакала таткото на детето да игра некаква улога во неговиот живот.

sv02

Хелен, мајката на Амина побарала информации и успеала да најде слика на Андерсен на интернет. Ја советувала ќерка си да стапи во контакт со клиниката, за да ѝ дадат информации во случај и тој да сака да се сретнат или да види слика од својата ќерка и за среќа тој искажал желба да го види детето кое настанало од него.

sv05

Откако се запознале и вљубиле еден во друг, Андерсен ја запросил на роденденот на нејзиниот починат син. „Тој излезе да купи млеко за Лејла и се врати со свршенички прстен, што беше вистинско изненадување бидејќи вообичаено годишнините на нивната смрт и нивните родендени ги минувам тивко“, раскажува Амина.

sv06

Дванаесет месеци подоцна, тие си го кажале судбоносното „да“ во присуството на 130 членови на семејството и најблиски пријатели на спектакуларна романтична свадба крај океанот.

sv11

Сподели на Facebook
пати видено