Дорис Валејо очигледно имала огромна желба за пеење штом поради тоа завршила во затвор. 41-годишната жена чекала да дојде на ред во бар, во Тексас, за време на караоке вечер.

Сепак еден маж сакал да пее пред неа, а на Дорис тоа не ѝ се допаднало па започнале вербална расправија.

Потоа таа извадила пишол и го вперила во човекот, а потоа ѝ кажала на полицијата дека го направила тоа „за да го смири“. Откако келнерката повикала полиција и се обидела да ја совлада Дорис го вперила пиштолот и во неа и ѝ се заканила дека ќе ја убие.

Жената си ја платила сметката и си излегла од барот, како и човекот со кој се расправала. Тие расправијата ја продолжиле на паркингот пред барот додека не пристигнала полицијата и ја уапсила Дорис. Таа вели дека сѐ започнало откако човекот прв почнал да ја навредува затоа што бил нејзин ред да пее.

Сподели на Facebook
пати видено