Сали Стент, од Бризбејн, Австралија, се вратила дома во 02:00 часот по полноќ и веднаш си легнала во креветот, не знаејќи дека во нејзината соба ја демне опасен гостин.

По пет часа Сали била разбудена од чуден „бакнеж“ и најжестокиот аларм кој некогаш ќе го добивее во животот.

Кога ги отворила очите пред нејзиното лице лежела змија и ѝ го допирала лицето со јазикот. „Ги отворив очите и змијата беше неколку сантиметри од моето лице, зјапаше во мене. Таа беше најмногу 5 сантиметри од моето лице. Морав да ги фокусирам очите за да ја видам.“ вели Сали.

Питонот висел од нејзината лампа, а главата ја ставил на нејизната перница. Иако ѝ се заледила крвта таа успеала да остане смирена и да го напушти креветот за да му каже на нејзиниот татко. Кога таткото влегол во собата и видел дека нема питон првин мислел дека Сали сонувала и се збунила, но таа инсистирала да ги повикаат службите.

Откако тие пристигнале питонот бил пронајден, а од службата и кажале дека тие најчесто влегуваат во домовите за да одмараат додека им се вари храната.

Сподели на Facebook
пати видено