Плановите за „невидлива“ супер-јахта која се вклопува во морето и прави оние на бродот да се чувствуваат како да „лебдат на воздух“ се откриени.

Јахтата, Мираж, долга 106 метри, која ќе чини над 200 милиони евра ќе биде целосно обложена во специјално огледално стакло, што ќе ја рефлектира сликата на морето кон оние кои гледаат.

Со ова ќе изгледа како бродот од 4.200 тони да „исчезнал“ за луѓето од околу 50 метри, иако секој радар сепак ќе може да ја открие јахтата со доволно време за маневрирање.

Дизајнирана да биде купена од „гладни“ милијардери, Мираж има сопствен хелидром, спа, театар и кино. Шесткатната јахта може да смести 14 гости и 29 членови на екипажот, и може да патува со удобна брзина од 19 јазли.

Таа била дизајнирана од италијанските бродоградители Fincantieri и холандската компанија Van Geest Designs за да „исчезне меѓу водата и небото“ и да „се вклопи во хоризонтот“.

Дизајнерот Питер Ван Гест изјавил дека требало една година да ги развие плановите и дека ќе треба уште три и пол години за да ја изградат.

Со својата цена Мираж ќе влезе во првите 10 најскапи јахти во светот. На врвот на таа листа моментално е History Supreme, која е направена од злато и е во сопственост на најбогатиот човек во Малезија, Роберт Кнок.

Сподели на Facebook
пати видено