Русите се познати по своите големи и опасни проекти, без разлика дали станува збор за згради, оружје или споменици. Тие направија една многу интересна статуа посветена на нивната митологија и традиција. Станува збор за триглава ламја, која според легендите правела многу проблеми кај руралното словенско население во Источна Европа и била главен непријател на народните херои, богатирите, во руските приказни.

Оваа статуа на змеј била целосно изделкана од камен и изработена од жица. Таа се наоѓа во Каменка на Здонак, област на Липецк, во „Семејниот парк на Кудкина планина“. Овој забавен парк е авантура и за децата, но и за возрасните.

Особено интересно е тоа што статуата исфрла вистински оган. Покрај страшниот змеј ќе најдете занаетчии, зоолошката градина, споменици на херои од митологијата и многу други интересни работи.

Сподели на Facebook
пати видено