Дел од шармот на кучињата е нивниот бунтовен дух. Дури и кога тие се впуштаат во неволја, нивните ѓаволштини можат да ги насмејат сопствениците до солзи. Девојка по име Јунис споделила на Твитер што направило нејзиното кученце Меги.

Таткото на Јунис носи вештачка вилица и ја извадил за да си ги одмори непцата. И како што можете да замислите Меги видела прилика да ги позајми и да има „блескава насмевка“ исто како нејзиниот сопственик. Погледнете подолу за да видите како изгледа кога ќе „споите“ куче и вештачки заби.

Сподели на Facebook
пати видено