Прабаба од Западна Австралија научила да вози за прв пат на 75-годишна возраст, за да може да ѝ помогне на постарата сестра да оди на лекар. Вини Сампи, од Порт Хедланд во регионот Пилбара, минатата недела ја доби својата привремена лиценца, и покрај тоа што многу луѓе и велеле дека е премногу доцна за да научи да вози.

75-годишната старица вели дека научила да вози уште кога била млада „низ полињата“, но дека никогаш не се помачила да полага возачки испит. Наместо тоа Вини секогаш си пешачела. Сепак кога ѝ бил дијагностициран артритис и повеќе не можела да се движи пеш.

Освен тоа нејзината постара сестра се разболела и посетите на лекарот станале се почести. Затоа Вини решила да си ја исполни желбата и во исто време да ѝ помогне на својата сестра така што ќе ја вози на лекар. Здружението „Брдовуд дрво“, локална непрофитна организација ѝ помогнала на Вини во процесот на аплицирање и добивање на нејзината дозвола.

Инструкторот за возење на здружението, Тања Холман, вели дека Вини е најстарата ученичка што некогаш ја имале. И покрај неколку тешкотии да се справи со тестот за перцепција на опасност, бидејќи никогаш порано не користела компјутер, 75-годишната го поминала возачкиот тест на првиот обид.

Сподели на Facebook
пати видено