Оваа куќа во Њупорт, Орегон, која однадвор изгледа како сосема обична среднокласна куќа со кремасто бела фасада, жолти тули и гаража за две коли совршено добро се вклопува во соседството. Но кога ќе стапнете внатре, се чувствувате како да посетувате ренесансна палата.

kk

Големата црвена дневна соба има позлатени греди на таванот и дабов под со Јакубинска кафеава завршница. Трпезаријата се поврзува со еден дел од темнозеленото фоаје, а темната кујна обложена со дрво е сместена во позадината, скриена од останатиот дел на куќата. Вратите се дебели и рачно изрезбани. Прозорците се покриени со обоено стакло купено од стари англиски цркви.

„Како да живеете во слика на Рембрант“, вели Алмин Бартон, грофицата Шенон, која ја купила куќата во 1979 година.

Родена во Јужна Африка како дете на пратеник во јужноафриканскиот парламент, Бартон дошла во Орегон кога нејзиниот татко починал, бидејќи сакала да биде во близина на нејзиниот брат кој бил физиотерапевт во болница во Орегон. Се вљубила во „мирниот мал град“ Њупорт, опишувајќи го како „вистинска скапоценост“ за одгледување деца.

Кога ја купила куќата, таа била сосема обичен дом во предградието. „Сопственикот го изградил со најосновниот материјал на многу, многу издржлив начин. Но, кога влегов и го видов малиот простор, едноставно не ми се чинеше како што треба“, раскажува Бартон.

Така, таа почнала да го реновира, и се чини дека малку се занела. Но, ја оставила надворешноста колку што е можно поедноставна, за да не го привлекува вниманието на даночниците. Својот дом го чувала како тајна речиси 35 години, но најпосле решила да ја открие тајната, ставајќи ја куќата на продажба по цена од 399.000 долари.

Пред две години Бартон претрпела мозочен удар и сега сака да се смести во помал дом со кој полесно би можела да се справува.

kk01 kk02 kk03 kk04 kk05 kk06 kk07 kk08 kk09 kk10 kk12 kk13 kk14 kk15

Сподели на Facebook
пати видено