Ксие Дан тргнала со нејзиниот иден сопруг на свадбена фотосесија. Во тој момент се случило нешто неочекувано. Ксие и многу други луѓе биле сведоци на сообраќајна несреќа, во која била повредена една повозрасна госпоѓа. Жената во нејзините 70-ти години ја удрил автомобил додека таа била на нејзиниот велосипед.

Ксие, која била во нејзината венчаница, излегла од автомобило и бидејќи работи како медицинска сестра веднаш ѝ дала прва помош на жената, додека да дојде брзата помош. Луѓето го фотографирале овој неверојатен чин на добрина на Ксие и интернет корисниците ја прогласиле за „најубавата невеста“.

Скромната девојка изјавила дека го направила тоа што било потребно да го направи и дека доколку не ѝ помогнала тој ден на жената потоа би имала грижа на совеста.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено