„Јади. Спиј. Забавувај се. Повтори.“ (Eat. Sleep. Party. Repeat.). Ова е мантрата за Пејџ Ченулт, професионален планер на свадби од Тексас, која ја промени својата клиентела од невести во деца кои се бездомници.

Пејџ го организирала „Роденденскиот проект“ преку кој организирала забави за децата во засолништата за бездомници или оние кои се под надлежност на социјалните служби. Заедно со тим на волонтери Пејџ донела насмевка на лицата на илјадници деца низ САД.

Пејџ 10 години работела како планер на свадби во Далас, кога одеднаш сфатила дека нејзината вистинска мисија е поинаква. Таа додека била бремена со нејзината ќерка читала списанија во авион. Видела една статија за раскошни роденденски забави и си помислила колку ќе биде прекрасно кога таа со нејзините вештини ќе подготвува забави за нејзината ќерка.

Еден миг пдоцна отворила уште едно списание на кое имало фотографија од момче бездомник и во тој момент Пејџ си помислила: „А што со него? Некој мора да најде начин да ги прослави децата кои инаку не би се чувствувале како славеници.“

Пејџ се обидувала да најде начин како да ја реализира својата идеја и почнала да оди во локално засолниште за бездомници секој трет четврток. Таа носела торти, колачиња, подароци, игри и слично. Во тие неколку часа децта бездомници можеле да ја почувствуваат вистинската роденденска атмосфера. По некое време Пејџ успеала да собере и тим на доброволци.

Освен Пејџ, извршниот директор и главен ентузијаст, тимот на The Birthday Party Project (TBPP) има неколку координатори кои помагаат во организирањето на активностите со стотици волонтери низ целата земја.

Проектот е во пораст и сега, покрај другите места, ги радува и децата во Сан Франциско, Лос Анџелес, Остин, Канзас Сити, Чикаго, Минеаполис, Детроит, Атланта, Вашингтон и Њујорк. Освен волонтерите кои доаѓаат да помогнат во декорациите, игрите и храната, партнери во проектот се и бројни компании кои сакаат да направат разлика.

Тимот има своја срцезатоплувачка статистика: волонтерите досега организирале 7.000 роденденски забави, за 42.000 деца кои изеле 55.000 колачиња и светеле со 36.000 светечки стапчиња, како и безброј насмевки на нивните лица.

Сподели на Facebook
пати видено