Лотаријата на животот е благослов сама по себе, но не сите луѓе добиваат џекпот. За некои луѓе животот станува борба од првиот ден на нивното раѓање. Оваа решителна мајка очајно се обидува да направи вечни спомени од нејзината ќерка, која што боледува од ретка болест, која што на крајот ќе ја убие.

Вилоу Рае Портер, која има само 22 месеци, има инклузивна-клеточна болест(Муколипидоза II), која влијае врз нејзиното срце, белите дробови, варењето, зглобовите и трагично може да доведе до нејзината предвремена смрт на возраст од три години. Мајка на Вилоу, Кејти Хансон (23) од Сиетл, САД, вели дека нејзината ќерка била нејзин „спасител“, бидејќи открила дека има рак на грлото на матката кога лекарите ја вршеле рутинска контрола на бременоста.

Кога го откриле ракот, лекарите препорачале Кети да направи абортус за да оди на лекување, но Кејти продолжила и го отстранила ракот од 3 сантиметри на грлото на матката откако ја родила Вилоу. Сега таа нема рак и бескрајно е благодарна на нејзината мала ќеркичка.

Кејти сега е решена да направи што повеќе сеќавања за нејзиното мало девојче, кое е толку болно што дури и настинка може да ја убие. Кејти, која сега е постојана негувателка, вели дека Вилоу веќе се спротивставила на шансите, научила да каже „Мамо“ и покрај тоа што многу деца дијагностицирани со оваа болест се неми.

„Кога ја добивме дијагнозата на Вилоу, тоа не скрши, во еден момент целиот наш свет беше превртен наопаку, додека ние се подготвувавме за оваа дијагноза која го определува животниот век. „Најдоброто„ сценарио ќе биде таа да живее до нејзината 10та година, просекот е помеѓу три и пет, а често и помалку. Нејзината дијагноза е поретка од два во милион, а во моментов има 72 потврдени случаи во светот.“, вели Кејти.

Иако Вилоу има 22 месеци таа изгледа како да е 6-7-месечно бебе, поради болеста. Исто така за жал малото девојче веќе страдало од осум напади на пневмонија, колапс на белодробно крило  и бројни различни респираторни инфекции.

Болеста на Вилоу за прв пат била идентификувана од страна на лекарите кога се борела да дише и на крајот престанала да јаде на возраст од три месеци. Поради сериозноста на нејзината состојба, девојчето минало само 12 дена надвор од болницата, бидејќи лекарите се бореле да се справат и да го дијагностицираат коренот на нејзините проблеми. Нејзината мајка вели дека и покрај големата борба Вилоу е среќно девојче и тие се благодарни на секој ден кој го поминуваат заедно со неа.

Сподели на Facebook
пати видено