Лекарка од Бурма ја изгуби својата лиценца за медицина поради провокативните фотографии на Фејсбук.

29-годишната Нанг Мве Сан добила забрана да се занимава со медицина откако продолжила да објавува фотографии од себе во бикини и „оскудна“ облека, иако добила неколку предупредувања од Медицинскиот совет во Мјанмар.

Нанг којаја добила својата диплома на 22 години одлучила и да работи како модел, но очигледно нејзините професии не биле компатибилни. Таа вели дека била принудена да излезе пред советот во јануари оваа година каде што ѝ било кажано дека нејзините фотографии се против бурманската традиција.

Г-ѓа Сан била принудена да потпише договор за отстранување на фотографиите или да ризикува да ја изгуби лиценцата. Откако ја игнорирала наредбата нејзината дозвола ѝ била одземена овој месец.

„Тука има многу сексизам. Тие не сакаат жените да имаат повисоки позиции. И тие ги осудуваат жените според тоа што го носат. Дури не сакаат да носиме ни панталони.“, вели Нанг. Таа додава дека планира да поднесе жалба.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Сподели на Facebook
пати видено