Кучето од Полска било толку прекриено со крзно и кал што изгледало како да има суканици. Хумани соседи го забележале кучето во дворот на неговиот сопственик и решиле да го однесат во засолниште за животни. За среќа кучето е сега спасено и се опоравува.

Вработените во засплништето му го дале името Фарциарз, што значи „среќен“ на полски. Соседите го пријавиле запоставувањето на кучето, но кога полицијата дошла до домот на сопственикот немало никој. Вработена во засолништето, Марта Олесинска изјавила: „Истрагата против сопственикот е во тек. Очигледно, човекот има проблем со алкохолот.“

Спасувачите отстраниле скоро 2 килограми крзно од малото куче. Кучето ќе остане во засолништето додека не му најдат соодветен дом, каде тој ќе може да биде среќен и да ја добие потребната нега и љубов.

Сподели на Facebook
пати видено