Тагата е едно од најлошите чувства што некој може да ги доживее. Губењето на некој близок никогаш не е лесно и потребно е многу време за да се намали болката.

Животните не се исклучени од ова страдање. Таква е и приказната за најдобрите пријатели Спенсер и Роки.

Овие двајца најдобри пријатели си правеле друштво во изминатите 10 години. Роки и Спенсер спиеле во ист кревет, јаделе од иста чинија и секогаш се шетале заедно, според нивната сопственичка Бет Фишер. Сепак, нивното прекрасно пријателство беше прекинато од болета на Роки. Кога убавото куче се разболело и Бет го однела на ветеринар ѝ било кажано дека кучето има тумор во доцен стадиум и дека му нема спас.

Роки тој ден бил еутанизиран, но иако неговата болест и смрт била шок за самата Бет, таа не знаела како ќе реагира Спенсер на загубата. Оттогаш кутриот Спенсер не може да се опорави, не сака да се игра, а навечер лута по куќата и го бара својот пријател. Кога ќе сфати дека не може да го најде легнува и цвили (плаче).

За да му помогне Бет направила перница за Спенсер со ликот на Роки. Ова му помогнало на Спенсер да се справи со тагата, но сега никаде не оди без својата перница. Ја шета по целиот дом и се мази со неа. Иако Бет е свесна дека ова не е решение на проблемот сепак се надева дека на овој начин му ја намалила болката на Спенсер.

Сподели на Facebook
пати видено