Запознајте го Арагон, куче-спасувач кое спасило голем број на мачиња кои биле оставени да умрат од глад во планините на Грција. Но, неговото херојство не застанало таму, откако малите мачиња биле однесени во засолништето, Арагон решил да биде нивниот татко и да се грижи за нив.

Луѓето кои што волонтираат во SCARS организацијата за животни и Арагон, секој ден ги бараат домашните миленици кои биле оставени да умрат. Само минатиот месец, тие спасиле повеќе од 25 мачиња.

„Овој пат мачињата имаа среќа. Ние пешачевме со Арагон во близина на планините и всушност планиравме да направиме видео во кое објаснуваме колку многу животни се оставаат во планините, кога Арагон почна да ме влече во една насока, всушност тој е спасувачот и одличен татко од тој ден па наваму.“ , изјавила сопственичката на Арагон.

„Арагон е љубопитен за мачињата и уште од првиот момент кога ги виде, тој постојано имаше потреба да ги задржи на едно место и да ги исчисти.“, изјавила Валија, волонтер во SCARS.

Мачињата се на безбедно и во добра здравствена состојба и се подготвени да бидат усвоени од луѓе кои ќе им пружат дом и љубов, а до тогаш тие се во сигурни раце со Арагон.

Сподели на Facebook
пати видено