Има ли подобар начин да се прослави изминатата 2014 од тоа да се потсетите на неа? Последниве дванаесет месеци се случија многу нешта, па така вашингтонската агенција за дигитални содржини „Beutler Ink“ решија да ја одбележат оваа бурна година со голема илустрација на најзначајните моменти во оваа година.

Поставката е инспирирана од „Гранд хотел Будимпешта“ на Вес Андерсон, при што широкиот спектар на настани е распределен во „соби“ – од избивањето на епидемија на ебола, протестите во Фергусон, поларната зима во САД па сѐ до брачните бури на Гвинет Полтроу и Крис Мартин и покажувањето на задникот на Ким Кардашијан за „Пејпер“.

ilu01 ilu02 ilu03 ilu04 ilu05 ilu06

Сподели на Facebook
пати видено