Кога некој ќе одлучи да се тетовира изборот на вистинскиот тату уметник е подеднакво важен како и дизајнот на самата тетоважа и местото на кое ќе се одлучи да ја стави истата. Секако би сакале доколку некој ви остава трајна уметност на кожата тоа да изгледа одлично, зарем не?

Па, искуство да, но не и вештина. Барем не за некои луѓе. Хелен Фернандес не е добра во цртање, но луѓето чекаат на ред за да добијат тетоважа од неа. А нејзините тетоважи се толку лоши, што се добри.

Девојката од Бразил си отворила свој салон за тетовирање Малфетона, во нејзиниот роден град Салвадор де Баија и веќе има еден куп приврзаници. Таа нејизните тетоважи ги нарекува „tatuagens peba“ што во превод значи „тетоважи за во ѓубре“. Со 57.000 следбеници на Инстаграм и редовно прикачување на фотографии од среќни клиенти јасно е дека овој нејзин уникатен стил станал многу познат.

Хелен тетовира веќе 3 години. Таа е и визуелен уметник. Кога ја прашале како почнала љубовта кон цртањето, таа одговорила: „Почнав да цртам затоа што моите родители ме носеа во црквата 3 пати неделно. За да ме замолкнат, ми даваа пенкало и хартија, но продолжив да цртам, бидејќи ми се допаѓа тоа.“

Погледнете ги тетоважите кои ги прави Хелен. Дали вие би се одлучиле за една ваква тетоважа?

Сподели на Facebook
пати видено