Тинејџерка им се спротивстави на лекарите кои ѝ „насликале мрачна иднина“ и ѝ рекле дека никогаш нема да научи да чита или да зборува, со тоа што стана првиот модел со Даунов синдром кој победил на меѓународен натпревар за убавина.

19-годишната Кејт Грант ја освои главната награда во натпреварот Teen Ultimate Beauty Of The World што се одржа во Портадаун, Северна Ирска, во кој се слави различноста. Настанот има три категории за деца, тинејџери и над 20 години и е отворен за секој, без оглед на тежината, висината или брачниот статус.

Четириесет кандидати од целиот свет учествуваа на церемонијата, при што Кејт ја претставуваше својата родна Северна Ирска.

Кејт сакала да биде модел уште кога имала 13 години и ужива во шминката, облеката и модата. Таа имала проблем да најде агент од модна агенција, најверојатно поради нејзината состојба.

Нејзиното достигнување е далеку од мрачната иднина што еден лекар ја опиша за нејзините родители, Деирдре и Џон, само неколку часа откако Кејт се родила и било потврдено дека има Даунов синдром.

Во тоа време им било кажано дека нивната ќерка никогаш нема да научи да чита и ќе има ограничен говор.

Откако беше крунисан како победничка, Кејт ќе биде вклучена во фотосесии во текот на целата година и ќе учествува како судија и ментор на финалето следната година. Таа исто така ќе дели играчки на деца во болницата Royal Victoria во Белфаст.

„Сакам на следната генерација кои имаат посебни потреби да знаат дека вистинското значење на убавината е тој си, а не како изгледаш. Љубезност, сочувство и внатрешна искра, тоа е најголемата убавина. Ако судиите го видоа тоа во мене, тогаш сум среќна.“, вели Кејт.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено