Габриел Рис се запознала со Џејкоб Босвел и Меган Муирхед на веб страна за богати, повозрасни спонзори или познати како „sugar daddy“, кога имала само 18 години.

Тие се допишувале онлајн 3 месеци, а потоа Габриел одлучила да отпатува во Солт Лејк Сити, Јута, над 800 километри од нејзиниот дом, за да се запознае со тогаш 42-годишниот маж и неговата 15-години помлада „сопруга“. Таа со нив ја изгубила и својата невиност, за време на првиот викенд од нивната средба.

„Ја изгубив невиноста првиот викенд. Никогаш не разговаравме за планот, но сите бевме заинтересирани и отворени за идејата“, се сеќава Габриел. Сега таа има 21 година и веќе три години живее со парот во полигамна врска, бидејќи и Џејкоб и Меган не се официјално во брак. Сепак Габриел признава дека љубомората е најголем непријател на нивната врска.

„Целата работа беше возбудлива и нова. Сите си кликнавме многу брзо и имаше многу хемија – сите бевме вклучени таа прва вечер. Беа дефинитивно позитивни. Џејкоб и Меган се обајцата постари, додека јас немав искуство. Ја изгубив невиноста со еден дечко и девојка, како бисексуалец, исто така, морав да ги искусам сите аспекти на мојата сексуалност. Девојките се меки, нежни и негувани, додека мажите се доминантни. Никогаш не сум размислувала толку многу за тоа како ќе ја изгубам невиноста, но претпоставувам дека тоа не беше она што го предвидов. Јас не жала, сепак сме тука три години подоцна.“, раскажува Габриел.

Графичкиот дизајнер призна дека „секогаш сакала постари момци“, па дури и ги предупредувала нејзините родители дека планира да се омажи за некого на нивна возраст, но тие не ја сфаќале сериозно. Таа вели дека нивната врска не е само се*суална и дека имаат чувства едни за други. Исто така додава дека може да се појави љубомора доколку двајца излезат, а третиот не е поканет, но се учат како да се справат со такви ситуации.

Џејкоб кој е 24 години постар од Габриел и 15 години од Меган, вели: „Кога луѓето ќе слушнат дека имам две девојки тие секогаш почнуваат ‘Браво’, но кога ќе слушнат за возраста, тие мислат дека не е добро, како да крадам бебиња. Многу е безобразно, бидејќи Габриел е паметна, брилијантна и интелигентна не ѝ е потребно спасување. Не се толку директни како на пример да кажат ‘Ти си чудовиште’, но велат зошто човек на моја возраст сака да биде со девојка како Габриел, едноставно е таа е згодна.“

Сподели на Facebook
пати видено