Aпликацијата Тиндер служи да се најде партнер, најчесто за една вечер и иако многу луѓе би помислиле дека ова е апликација наменета за младите 83-годишната Хети не би се согласила со тие луѓе.

Хети Ретроград можеби е баба, но таа не „лута“ по онлајн апликациите барајќи дедо, таа е заинтеренсирана за помлади мажи, дури и половина век помлади од неа.

„Помладите мажи, тие се возбудуваат откако ќе ја возбудат жената. Тоа емногу поразлично отколку кога јас бев млада.“, вели Хети. Таа сака да се запознава со помлади мажи затоа што ѝ фали интимноста и ѝ се допаѓа модерниот начин на „врски“.

Поранешната танчерка била во брак повеќе од 25 години и вели дека таа и нејзиниот поранешен сопруг имале „прекрасен сексуален живот“. Сега „сексуално отворената“ баба има односи со мажи децении помлади и од неа и вели дека многу ја сметаат за „пума“. Таа исто така посочува дека не им приоѓа на мажите туку дека тие и приоѓаат на неа.

Моментално таа е во врска со Шон, кој има 33 години, односно е половина век помлад од неа. Од започнувањето со профилот на Тиндер пред осум месеци, Хети тврди дека запознала скоро 50 мажи и се фали дека веќе има избор на многумина љубовници.

Откако се развела од својот сега поранешен сопруг Хети објавила оглас во весник дека бара помлади мажи кои ќе спијат со неа. Таа била преплавена со пораки и морала да прави „аудиции“ за потенцијалните љубовници. Сегавели дека преку Тиндер е полесно.

Таа вели дека првично, се надевала дека ќе најде значајна врска со друг маж, но сега ужива да спие со различни мажи.

Сподели на Facebook
пати видено