Некои од нас ја сфаќаат облеката здраво за готово и само им е важно да имаат нешто на себе, но за некои луѓе облеката може да им ја даде потребната самодоверба, храброст и утеха во ситуацијата во која се наоѓаат. За пример ќе ја земеме Лили Дуранте.

Лили е 5-годишно девојче од Ирвин, Пенсилванија, кое страда од глиома на оптички патеки, бавно растечки тумор на мозокот кој влијае на оптичките нерви. За да си ја олесни непријатноста што ја носи хемотерапијата, малата Лили се облекува во различна облека, секој пат кога оди на лекување.

Пред околу една година, Лили се разбудила едно утро со вкрстени очи. Неколку состаноци на лекарите подоцна, откриле дека таа има глиома на оптички патеки. Ако не се лекува, тоа може да доведе до губење на видот. Со оглед на денешната медицина, глиомот на оптичката патека може да се лекува.

За жал, немало можност да се изврши операција со оглед на околностите. Значи, лекарите решија да препишат третмани со хемотерапија. Но, Лили се справува со ситуацијата како вистинска хероина. Еве како изгледаат нејзините модни комбинации како мала, слатка и многу храбра принцеза:

Сподели на Facebook
пати видено