„Калашников“ ги претстави новите електрични мотори, од кои голем дел веќе се нарачани од страна на руската армија и полицијата на Москва. До Светското Првенство во фудбал во 2018 година, на патиштата во главниот град ќе се појават 50 вакви електрични мотори, со кои ќе управуваат сообраќајните полицајци. Моторите не се погодни само за возење низ градот, туку и надвор, каде што нема патишта. Батеријата напојува електричен мотор со 21 коњски сили, кој со едно полнење поминува од 100-150 km, што е сосема доволно за секојдневните задачи.

Сподели на Facebook
пати видено