Времето е чудно и не секој од нас го доживува на ист начин, понекогаш поминува многу брзо, а друг пат премногу бавно. Постојат многу теории за времето кои се обидуваат да објаснат зошто е толку мистериозно. Некои од нив се навистина неверојатни.

Теоријата на Свети Августин за менталното време

Христијанскиот филозоф Свети Августин имал нешто да каже за времето. Првин, тој вели дека времето не е бескрајно. Според него тоа е создадено од Бог и е невозможно да се создаде нешто што да нема крај. Покрај тоа, тој тврди дека времето постои само во нашите глави. Затоа што го мериме времето само по начинот на кој го паметиме, тогаш тоа постои само во нашите сеќавања. Иднината сеуште не постои, затоа таа исто така не може да биде квалификувана. Единствено што постои е сегашноста, па единствениот заклучок според него е дека времето го има само и единствено во нашите глави.

Топологија на времето

Како изгледа времето? Доколку сакаме да го насликаме, како би го направиле тоа? Според Аристотел времето не може да постои како линија или барем не таква која да има почеток и крај, иако сепак би требало да има некој момент во кој времето почнало да се движи.

Лажна сегашност

Оваа теорија го поставува прашањето – Колку долго трае сегашноста? Кога сме во средината на разговорот со некого, кога сме во средината на реченицата и кога веќе сме ја искажале целата реченица, дали тоа значи дека почетокот на реченицата е веќе во минатото, под услов дека разговорот се уште не е завршен? Е.Р.Клеј и Вилијам Џејмс нарекуваат ова „лажна сегашност“.

Пониските луѓе повеќе ја чувствуваат сегашноста

Звучи невообичаено, но има смисла. Оваа теорија е создадена од Дејвид Иглмен. Ова теорија се основа врз идејата дека го чувствуваме времето како парчиња информации собрани од нашите чувства и процеси во мозокот. Различни делови од телото, дури и да добиеме информации во исто време, имаат потреба од различни делови од времето, за да ја „пренесат“ до мозокот. Ова одложување на информациите значи дека пониските луѓе се повеќе „во сегашноста“. Пониските всушност го чувствуваат времето попрецизно, бидејќи има помалку одложувања на информации во нивниот мозок.

Времето не постои

Има и теорија дека времето не постои. Воопшто. Оваа идеја собрала доста негативни коментари во 1900-тите. Според филозофот Мактаграт постојат два начини на кои можеме да гледаме на времето. Првиот, наречен Теорија – А вели дека времето си има ред и се движи во една рамнина. Во оваа негова верзија можеме да контролирале работите додека се случуваат. Теорија – Б од друга страна тврди дека минатото на времето и самото време како целина се илузии и нема начин ние можеме да ги контролираме работите.

Застој на времето

Дали некогаш сте слушнале или пак Ви се случило, во одредена опасна или неочекувана ситуација „времето да застане“? На учесниците во истражувањето им биле прикажани неколку светлечки бројки, се додека на мозокот не му станало тешко да ги утврди различните броеви во различни серии. Потоа, тие беа замолени да се обидат да го сторат истото, додека биле спуштани од 46-метарска кула. Подоцна требало да гледаат како другите се спуштаат од истата кула и да одредат колку побрзо им се чини туѓото спуштање од нивното. Според одговорите, испитаниците своето спуштање го гледале 36% поспоро за разлика од туѓото. Поради тоа што испитаниците покажале слични резултати во препознавање на светлечките бројки, истражувачите заклучиле дека времето не станува поспоро туку се менува нашата перцепција за времето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено