Додека толпи туристи продолжуваат да чекаат ред со часови за да се качат на Ајфеловата кула или се обидуваат да ја „држат“ на фотографии кулата во Пиза британските новинари составија листа на најпотценетите туристички атракции низ градовите во Европа.

Нема ништо лошо во тоа знанемитостите да не се толку популарни. Но, на крајот на краиштата, Европа е толку голема и има толку многу неверојатни нешта што е штета да се оди некаде само за да се види една работа.

1. Единственото засолниште за „пловечки мачки“ во светот (Амстердам, Холандија)

Дури и името на ова место звучи фасцинантно. Во доцните 60-ти години на минатиот век, вдовицата од Амстердам, Хенриета ван Велде, почнала да собира скитници и да ги населува на напуштен брод, претворајќи го во засолниште. Во 2005 година Хенриета умрела, но нејзиното добро дело „Бродот на мачките“ продолжува да живее и да ги задоволува луѓето од целиот свет.

2. Мини-Европа (Брисел, Белгија)

И тука буквално може да ја прошетате цела Европа: во овој парк се пресоздаваат сите најинтересните и значајни места на континентот на скала од 1:25. Во Мини-Европа не само што можете да ги видите макетите, туку и да учествувате на екскурзии и да се запознаете со интерактивни експонати.

3. Парк на кактуси Мосен Коста и Лобера (Барселона, Шпанија)

Ако одите во Барселона, погледнете го уникатниот парк со кактуси кој се наоѓа во самиот центар на градот во подножјето на Монтџуик. И покрај завидната географска положба, градината е лишена од внимание, што е тажно: има повеќе од 800 видови кактуси од различни земји и континенти. Во паркот може да се запрашаме колку е интересен и разновиден нашиот свет, а како додаток да добиеме естетска екстаза: неверојатен панорамски поглед на крајбрежјето и пристаништето. Влезот е бесплатен.

4. Музејот на алхемичарите и волшебниците (Прага, Чешка)

Поранешната лабораторија на шкотскиот алхемичар и волшебник Едвард Кели располага со интерактивен музеј, темелно проткаен со мистичниот дух на Прага. Значи, ако обожавате се што е чудно и магично и сакате да се чувствувате како средновековен волшебник, не заборавајте да го посетите ова место.

5. Академија на носовите (Лунд, Шведска)

Академијата била основана од шведскиот комичар Хасе Алфредсон. Во колекцијата на музејот се наоѓаат повеќе од 130 различни носови, вклучувајќи и на некои познати скандинавци. Малку е веројатно дека ќе ја напуштите „академијата“ поумни и просветлени, но ќе бидете изненадени и ќе се забавувате.

6. Музичкиот ѕид на Дрезден

Кога времето е добро оваа место е едноставно надреално и убаво. Но, кога почнува да врне, системот за одводнување станува вистински мал оркестар.

7. Музеј на флуоресцентна уметност (Амстердам, Холандија)

Најобичните предмети во овој музеј се трансформираат во невообичаени уметнички дела кои сигурно ќе ги задоволат сите оние кои некогаш биле возбудени од специјалните ефекти на Аватар.

8. Музеј за играчки (Брисел, Белгија)

Растејќи од приватната колекција на Андре Ремдон, татко а повеќе деца, музејот за играчки стана едно од омилените места за деца и возрасни. Колекцијата зафаќа околу 3 ката и вклучува повеќе од 35 илјади експонати. Најинтересно е што може да се играте со сите.

9. Музеј на разводи (Загреб, Хрватска)

Олинка Виштица и Дражен Грубишиќ одлучиле да не се „изедат“ по разводот, туку да остават докази за среќни времиња. Потоа, колекцијата почна да расте: други некогашни среќни двојки донесоа експонати за да остават добар спомен на минатата љубов. Секоја ставка на изложбата е придружена со приказна, често смешна.

10. Куќата на Пикасет (Шартр, Франција)

Недалеку од Париз во малото гратче Шартр некогаш живеел чуварот на гробиштата Рејмонд Исидор со многу невообичаено хоби: тој собрал парчиња скршен порцелан и правел мозаик на ѕидовите на својата куќа. Исидор бил ангажиран во ова повеќе од 30 години и потроши околу 15 тони скршени парчиња. Дури и Пабло Пикасо ја посетил куќата.

Сподели на Facebook
пати видено