Правилата важат и за денешно време, задолжително прочитајте ги! Што мислите за број 6?

Санскрит е древен јазик на хиндуизмот, кој се користи како литургиски јазик и како начин да се комуницира со старите индиски богови. Во оваа табела се прикажани 9те правила за тоа како е да се биде човек. Терминот “Санскрит” е изведен од два збора,  префиксот “Sam”, што значи “samyak” што укажува на “целосно” и “krit” кој означува “Готово”, што во превод пренесува значењето на совршено или целосно направено. Санскритот e стандардизиран дијалект на Стариот индо-ариевски и потекнува од 2 милениум п.н.е.

1. Ќе добиете тело.

Можеби ќе ви се допаѓа а можеби и не, но тоа ќе биде со вас низ целиот земски живот.

2. Ќе научите многу лекции.

Влегувате во целодневно училиште наречено живот. Секој ден во оваа училиште ќе учите нови лекции. Можеби ќе ви се допаднат или ќе мислите дека се ирелевантни и глупави.

3. Нема грешки, само лекции.

Процесот на созревање се состои од многу труд и експериментирање. Неуспешните експерименти се всушност дел од поголемиот експеримент, кој евентуално ќе биде успешен.

4. Лекцијата се повторува се додека не се научи.

Лекцијата ќе ви се прикажува во најразлични форми се додека не ја сфатите и научите. Дури тогаш можете да преминете на следната животна лекција.

5. Учењето на лекции никогаш нема да заврши.

Нема дел од животот кој не содржи некоја лекција. Ако сте живи, тогаш има нова лекција за вас.

6. „Таму“ не е подобро од „Тука“.

Кога вашето „Таму“ ќе стане „Тука“, тогаш вие повторно ќе најдете ново „Таму“, што ќе ви се чини подобро од вашето „Тука“.

7. Другите луѓе се ваши огледала.

Не можете да мразите или сакате нешто кај друга личност доколку тоа не рефлектира нешто што вие сакате или мразите.

8. Каков ќе ви биде животот зависи од вас самите.

Ги имате сите средства и ресурси. Како ќе ги искористите зависи од вас самите.

9. Одговорот лежи во вас.

Одговорот на животните прашања лежи во вас, се што треба да направите е да барате, слушате и верувате.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено