Мачето Кевин било најдено на паркиралиште и однесено на ветеринар кога било старо само четири недели. Не било како другите мачиња, бидејќи имало сериозно нарушување поради коешто ветеринарите не верувале дека ќе преживее.

„Ме предупредуваа дека нема да живее подолго од шест месеци, ако има среќа, и да не се приврзувам за него“, вели Тала, сопственичката на мачето. „Си реков, дури и да умре, ќе му ја пружам сета љубов која можам. Четири години подоцна, тој сѐ уште ми е омиленото мало пријателче.

Кевин има хидрокефалус, отмен збор за „течност во мозокот“. Тоа е сериозно нарушување кое може да се одрази врз видот, слухот и мозочните функции, па така тој е речиси глув и слеп. Но сепак, тој е најсреќното, највеселото и најбудалестото маченце кое го знам и многу ми е мило што решив да му дадам втора шанса во животот. Шанса која тој ја зграби со двете шепички и избега со неа“, вели гордата сопственичка.

mc mc01 mc02 mc03 mc05 mc06 mc07 mc08 mc09 mc10 mc11 mc12 mc13 mc14 mc15 mc16 мc04

Сподели на Facebook
пати видено