Алистар била одвоена од нејзините браќа и сестри бидејќи се стравувало дека нема да преживее.

Малото прасенце било чувано во шталата на Хаугхал фармата и тоа постојано бегало од своето живеалиште за да се дружи со јагнињата кои исто така биле сирачиња.

Сопствениците на Алистар мислеле дека е машко па затоа ѝ го дале тоа име. Сега прасето живи постојано со овците и се однесува исто како овца. Менаџерот на фармата Кит Кук вели дека прасето е убедено дека е јагне и токму така и се однесува.

Прасето е толку соживеано со помислата дека е јагне што ја јаде истата храна и сено. Кит вели дека не сакаат да го разделат прасето од неговото ново семејство и дека кога ќе дојде време ќе го пуштат да пасе на ливадата и да формира група заедно со овците.

Оваа ситуација многу луѓе ги потсетува на филмот „Бејб“ од 1995 година, каде што прасето исто така мисли дека е овца.

Сподели на Facebook
пати видено