Секој до нас кога ќе види добар автомобил си замислува како би било доколку го поседува. Особено момчињата во тинејџерските години се најмногу возбудени за скапите спортски автомобили.

Матурата е тој посебен момент од животот кога тинејџерите се облекуваат во елегантна облека, некои од нив и за прв пат и изнајмуваат лимузина или позајмуваат автомобили за да се појават пред ресторанот со стил. Сепак еден тинејџер од Ланкастер одлучил работите да ги однесе на следното ниво.

Олен Хауден поминувал покрај светло синиот спортски автомобил, Ф-тип Јагуар, секое утро додека одел кон училиште, во тек на неколку месеци. Тој еден ден одлучил да застане и да остави порака за возачот. Тој во пораката го прашал возачот дали би сакал да го однесе со автомобилот на неговата матурска забава.

Непознат на Олен, возачот бил д-р Марван Бухари, консултант ревматолог во универзитетските болници во фондацијата Меркембе Беј, кој со задоволство прифатил да му ја исполни желбата на момчето.

Бабата на Олен, Сватава Храздилова, и неговата сестра, Бела Хауден, го гледале како заминува на матурска во сјаен спортски автомобил, кој сигурно ќе ги импресионира сите други деца на местото на настанот.

Но, чувството за добра приказна не завршува таму, бидејќи семејството на Олен одлучи да направи дарежлива донација на хуманитарна организација за артритис во замена за пријатниот гест на Бухари.

Олен вели дека негов сон е да заработи доволно во животот за да може да си купи ист таков автомобил.

Сподели на Facebook
пати видено