Ентони Ендр, од Флорида завршил во затвор во недела наутро затоа што се одлучил да плати за својот оброк во Мекдоналдс на „необичен“ начин.

Вработените од ресторанот за брза храна велат дека 23-годишното момче дошло со својот автомобил порачало оброк, но кога требал да се плати им кажал дека нема пари. Подоцна повторно се вратил со нова понуда.

 

Вработените велат дека кога Ентони го отворил прозорецот се чувствувала силна миризба на марихуана и тој им кажал дека бидејќи нема пари сака да ја плати храната со една ќесичка марихуана. Вработените повикале полиција и Ентони бил уапсен.

Полицијата пронашла 20 гр марихуана во автомобилот на момчето, а исто така имало траги од марихуана и во неговиот систем.

 

Сподели на Facebook
пати видено