8-годишниот Фреди Кук е роден без една рака и тој почнал да го приметува својот недостаток откако тргнал на училиште и почнал да комуницира со другите деца. Неговите родители не сакале нивното дете да расте без самодоверба, затоа се погрижиле да го добие најдобриот подарок за 8-миот роденден.

Момчето прославило така што го јадело хамбургерот на забавата со својата нова рака. Раката е првата медицинска одобрена протеза во Британија која овозможува прецизни и деликатни движења кои другите протетски раце не можат да ги направат.

Уредот тежи помалку од една кеса со шеќер и му овозможува на малиот Фреди да ги држи рачките на својот омилен скутер и да искачува со своите пријатели.

Сподели на Facebook
пати видено