Ова куче можеби е десет пати поголемо од мачката со која го дели домот, но кучето Харли живее во постојан страв поради мачешката напаст, која постојано го малтретира во нивниот дом во Њу Хејвен, Источен Сасекс, Англија. Харли добива израз на ужас секогаш кога е во присуство на мачката Арчи. 46-годишната Марша Тап вели дека односите помеѓу двете животни порано никогаш не биле затегнати, сѐ додека Арчи не исчезнал минатиот јануари – и се вратил со целосно сменета личност.

„Секогаш кога Арчи ќе се приближи до Харли, тој го добива истиот преплашен израз на лицето, при што очите како да ќе му излетаат од страв“, вели таа. „Не знам зошто е така. Харли едноставно не му се допаѓа на Арчи. Навистина го малтретира кучето по малку. Арчи постојано ќе му се приближи и намерно ќе седне до него. Ако Харли треба да мине низ вратата, Арчи ќе му се испречи на патот, за кучето да не може да мине. А големо куче е. Јас сум висока 175 сантиметри и Харли исправен на своите задни нозе може лесно да ги стави предните шепи на моите рамења. Тој е толку поголем од Арчи, така што сево ова е уште посмешно. Моите синови постојано го сликаат бидејќи им е смешно и сликите ги покажуваат на своите пријатели.“

mc01 mc02 mc03 mc04 mc05 mc06

Сподели на Facebook
пати видено