Во 2 часот наутро на 17-ти септември семејството Батлер мирно спиело во својот дом во Брадентон, Флорида кога на нивното поткровје избувнал пожар. Додека пожарот се проширил низ куќата алармот ѕвонел, но само кратко.

Пожарот беснеел го уништил мебелот и плафонот, а семејството уште не било свесно дека такво нешто се случува поради расипаниот аларм.

Тука влегол суперхеројот по име Зипи. Кучето Зипи ја насетило опасноста и почнало да трча низ куќата и да лае по собите на домашните за да ги разбуди и да ги предупреди за пожарот.

Џек Расел териерот бил решен во својата намера и продолжил да трча низ пеколот во куќата за да го предуперди семејството. Противпожарната служба Бредентон соопшти дека пожарот се проширил од таванот, во близина на единицата за климатизација – сепак, коренот на пожарот сè уште не е познат.

За среќа целото семејство успеало да излезе од куќата. Тие биле целосно дезориентирани и преплашени, тогаш сфатиле дека еден член од семејството недостасува, Зипи. Лирој, сопруг и татко се обидел да се врати во куќата и да го извлече, но пожарот се проширил на подот и имало премногу чад.

Не им останал друг избор освен да ги почекаат пожарникарите. Кога тие го изнаснале пожарот, го пронашле и Зипи, но за жал храброто кученце се загушило од чадот. Семејството е скршено поради загубата на Зипи и му организирале пристоен погреб во чест на неговата храброст.

Сподели на Facebook
пати видено