Малата Лијалоха е куче кое било пронајдено во песоците на Оаху плажата, со драстични изгореници од сонце, отоци, посекотини и без крзно.

Кучето било спасено откако еден добар човек го забележал и го однел во хуманитарна организација за животни во Хаваи.

Лијалоха имала посекотини од ‘рѓосана мачета, која ја пронашле закопана до неа, откако со истата ѝ било отстрането крзното и така била закопана жива по песокот и оставена на милост и немилост на жешкото време.

Иако поради тешката состојба во која била однесена кај ветеринарите малата Лијалоха не е се откажала, а ниту добрите луѓе кои ѝ помогнале не се откажале од неа. Хуманитарната организација почнала да бара згрижувачко семејство кое би ја удомило во наредните 2 месеци, но една хумана жена сакала повеќе.

Аманда ја земала Лијалоха за да ја чува засекогаш. Таа вели дека кучето сѐ уште е ево прилично лоша здравствена и психичка состојба, но полека се опоравува и повторно ќе може да биде мало, среќно кученце, кое ќе ужива во животот далеку од рацете на монструмите кои ѝ го направиле ова.

Сподели на Facebook
пати видено