Ученик од Стара Загора, Р. Бугарија, ја нашол пензијата на возрасен човек и ја вратил. Жената на човекот отишла да ја земе пензијата на својот сопруг кој е тешко болен. Но, по пат кон дома ги изгубила 150-те лева (околу 75 евра). Нејзината внука решила да побара помош преку социјалните мрежи. Трите банкноти од по 50 лева ги наоѓа ученик од математичката гимназија во Стара Загора.

ib01

„Мајка ми ја виде нејзината објава, сѐ се совпаѓаше – часот, реонот, банкнотите – тие беа три по педесет лева, како што беа кај мене и следниот ден ѝ ги вратив“, раскажува Иво Банков. Случката со најдените и вратени пари овие денови е меѓу најчитаните по социјалните мрежи кај источните соседи. Многумина го нарекуваат Иво херој, но тој не мисли дека направил нешто особено.

ib02

Сподели на Facebook
пати видено