Властите во Пекинг започнаа да градат втор аеродром за да се растерети гужвата на првиот. Гигантската зграда се протега на 46 километри јужно од центарот на градот и ќе биде завршена до 2019 година. Во моментов, речиси е завршена изградбата на рамката на сите терминални објекти, со вкупна површина од 313.000 квадратни метри. На централниот дел се градат пет дополнителни издолжена структури, долги по 600 метри. Се очекува дека до 2025 година, новиот аеродром ќе биде во можност да опслужува до 72 милиони патници годишно и да носи до 2 милиони тони товар, а 4-те писти ќе овозможат до 620.000 летови годишно.

Сподели на Facebook
пати видено