Сите сакаме удобна хотелска соба. Некои од нас немаат потреба од екстравагантни апартмани затоа што престојувањето во собите го сметаат само како одмор за наредниот ден да се продолжи авантурата во местото каде што допатувале. Сепак одредени хотели нудат неверојатно скапи хотелски соби, на одредени луѓе кои се спремни да платат за нив.

Имајќи го на ум тоа, ви го претставуваме Royal Penthouse Suite во хотелот Вилсон во Женева, Швајцарија. Цените почнуваат од 52.000 долари, а одат и до 80.000 долари за вечер. Дали би платиле за ваква „кралска“ хотелска соба? Апартманот го опфаќа осмиот кат од хотелот и се одликува со неверојатен поглед на Женевското езеро. Внатре во апартманот има 12 спални и 12 мермерни бањи, комплетирани со прекрасни погледи и раскошни производи за бањи од луксузната француска модна куќа, Хермес.

Тој се протега на 1800 m², што можеби не изгледа премногу импресивно се додека не земете во предвид дека просечниот дом со три спални е 147 m². Двете главни спални соби имаат сопствен гардеробер, мермерна бања, со џакузи, посебна туш кабина, сауна и огледало кое што се транформира во телевизор.

Наградуваниот апартман е „најголем и најлуксузен хотелски апартман“ и како таков, содржи многу екстравагантни карактеристики како „еден од најголемите ТВ-екрани во светот“, Steinway пијано и кадифена маса за билијард. Исто така има и антички книги, уметнички дела и приватна фитнес сала. Како што велат од хотелот: „Апартманот не остава ништо што може да се посакува.“

Со оглед на клиентелата која го изнајмува овој апартман, тој е и прилично безбеден. Прозорците се отпорни на куршуми, има копчиња за аларми и посебен сеф. Исто така апартамнот има и привател лифт. Мајкл Џексон, Ричард Бренсон, Ријана, Мет Дејмон, Мајкл Даглас, Тони Блер и Бил Гејтс уживаа во престојот во Royal Royal Suite, заедно со многу други шефови на држави, кои претпочитаат да останат анонимни. Оние кои се подготвени да ја платат тешката цена добиваат и сопствен батлер, готвач и тим од обезбедување.

Сподели на Facebook
пати видено