Мислењата за радиоактивноста во Чернобил денес се поделени. Додека некои експерти велат дека оваа место е сѐ уште опасно други веруваат дека овој регион е чист и безбеден за луѓето.

Сепак со едно нешто се согласуваат и двете страни. Постојат одредени предмети кои уште зрачат со радиоактивност, иста како на денот кога се случила хаваријата.

Канџата од Чернобил е големо парче од машинеријата која се користела да се извлече екстремно радиоактивниот графит од уништеното јадро на централата во 1986 година. По завршувањето на мисијата за расчистување, канџата била премногу опасна па затоа била напуштена во длабочините на шумата на периферијата на Припјат во надеж дека никој никогаш нема да ја пронајде.

Меѓутоа, нејзината локација е позната до неколкут луѓе, со тоа што неколку официјални водичи знаат каде моментално се наоѓа Канџата. Без оглед на тоа многу малку туристи бараат дозвола од украинските службеници да се доближат до неа.

Експертот за Чернобил, Роберт Максвел, единствениот археолог во светот кој работи во Чернобил за време на две екскурзии, изјавил дека тој ја посетил Канџата и дури ја ставил раката веднаш до неа за да го измери зрачењето – нешто што не го препорачуваме некој друг да го направи.

Археологот вели: „Има многу работи во зоната денес за кои контакт со кој било на продолжен период дефинитивно ќе ве убие, а Канџаа е дефинитивно најопасната од сите, бидејќи не е расипана или недостапна како и другите опасности. Таа во суштина само седи во шумата расчистувајќи се до крајот на времето. Тоа е сериозно, потенцијално смртоносно.

Ја ставив раката до неа, бидејќи сакав да добијам читање со Гајгеров. Бев ли загрижен? Да, но бев загрижен цело време. Водичот постојано ми велеше: ‘Не ја допирајте, не ја допирајте!’ И така, ја ставив раката многу брзо и ја извадив повторно.“

Канџата не е единственото напуштено парче машинерија кое се наоѓа во Чернобил. Гробиштата на возила покриваат голема површина надвор од Припјат, со тоа што туристите може да добијат пристап до областа во зависност од тоа што украинските власти сметаат дека е соодветно во тоа време.

Гробиштата се полни со возилата што се користеле веднаш по катастрофата, вклучувајќи ги и автомобилите и авионите, кои сега се толку радиоактивни што не можат да се допрат – исто како Чернобил Канџата.

Таквите напуштени мошти продолжуваат да седат во зоната на исклучување недопрени, привлекувајќи ги повремените посетители на морбидна фасцинација.

Сподели на Facebook
пати видено