Иако повеќето луѓе кои ги гледаат Олимписките игри се импресионирани од спортистите, има еден човек кој исто така привлече големо внимание поради својот вложен труд. Човек по име Ерик стана популарен на Твитер откако репортерот Роџер Шерман објави слика на која се гледа како тој разнесува кондоми во Олимпиското село.

kn01

„Запознајте се со Ерик, човекот чијашто работа е да шета низ Олимпијадата со голема вреќа кондоми“.

Сликата била ретвитувана 9309 пати досега и собрала повеќе од 11000 допаѓања.

kn02

„Најкул работата во Бразил“, пишува еден корисник на Твитер. Се проценува дека за време на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се разделат околу 450 000 кондоми, три пати повеќе од разделените кондоми за време на Олимписките игри во Лондон пред четири години. Ова е еднакво на 42 кондоми по учесник – па така не е некое големо изненадување тоа што Ерик носи толку многу.

kn03

Покрај кондомите кои ги разделуваат луѓе задолжени за тоа, спортистите ќе можат да се снабдат со нив и од специјални машини за кондоми.

Сподели на Facebook
пати видено