Д-р Сара Греј „најистетовираната докторка во светот“ ја бранеше својата уметност на тело велејќи: „Вашиот изглед во никој случај не ве дефинира, ниту вашата способност да бидете компетентни“.

Студија од 2018 година за перцепциите на студентите по медицина и персоналот, од Универзитетот во Данди, сугерираше дека одредени тетоважи не се сметале за соодветни – при што уметноста на лицето е најспорната.

Сепак, д-р Греј – „украсен лекар“ и многу популарен модел на Инстаграм – ги руши стереотипите за тоа како треба да изгледаат медицинските професионалци и зошто тоа воопшто не е важно. Д-р Греј прв пат била препознаена од заедницата откако победила на „Мис Мастило Австралија“ во 2017 година. Сега таа работи во болница во Аделаид и се стреми да биде ортопедски хирург. Таа исто така има повеќе од 86.000 следбеници на Инстаграм, каде што има мисија да го „шири прифаќањето на тетоважите“.

„Пациентите и колегите реагираат на нив на позитивен начин. Честопати добивам комплименти на мојот шарен изглед. Пациентите, особено помладата генерација, сметаат дека може да биде рушење на добра бариера и честопати велат дека мислат дека изгледам попристапно од некои традиционално конзервативните лекари. Јас секогаш се облекувам пристојно и на крај, ако сте добар слушател, имате емпатија и сочувство, ако имате уметнички дела на вашата кожа не прави разлика. Тоа сигурно не ве прави помалку способни за оваа задача.“, вели Сара.

31-годишната лекарка вели дека луѓето кои имаат исто така повеќе тетоважи се чувствуваат поудобно кога таа им е лекар. Таа смета дека тетоважите се личен избор и не треба да влијаат на ничија кариера.

Сара вели: „Јас сум само јас. Горда сум што сум и не дозволувам мојата професија да ме дефинира како личност. Таа е огромен дел од кој сум и напорно работам за да бидам одличен лекар и иден хирург, но мојот живот надвор од медицината е исто толку важен. Зошто треба да се вклопиме во претходно замислен калап на она што другите мислат како треба да изгледаме како „компетентен и професионален“ доктор? Им велам на сите, ако сте грижливи, емпатични, компетентни и вреден работник, можете да бидете сè, особено одличен лекар.“

Сподели на Facebook
пати видено