„Алиса во земјата на чудата“ е една од највлијателните книги некогаш напишани. Обожувана од сите ворасти, во оваа книга се раскажува за девојче кое што патува во паралелен свет, исполнет со смешни и имагинарни суштества. Како едно од најзначајните книжевни дела од жанр на бесмислицата, оваа книга имало огромно влијание врз филмската индустрија, поп-културата и самата литература.

Напишана е во 1856 година од страна на Чарлс Догсон или попознат под псевдонимот Луис Карол, кој објавил 15 книги пред својата смрт, но ниту една не ја достигнала славата на „Алиса во земјата на чудата“. Чарлс бил бил англиски математичар, логичар,ѓакон, фотограф, но најголема страст му била пишувањето.

Тој имал повеќе здравствени проблеми. Уште кога бил дете бил глув на едното уво, пелтачел и имал проблеми со градниот кош. Сепак тој бил толку брилијантен што една од неговите болести ја претворил во неверојатна фантазија. Тој страдал од ретко невролошко нарушување кое предизвикувало работите да ги гледа поголеми или помали отколку што се, ова била неговата прва инспирација за „Алиса во земјата на чудата“.

Втора инспирација му била 10-годишната Алиса Лидел. Чарлс бил пријател со семејството Лидел долго време, а таткото на трите ќерки, Хенри Лидел, бил декан на Христовата црква во Оксфорд. Додека биле на пикник најмалата Алиса побарала од Чарлс да и раскаже приказна и тој и раскажал за девојчето Алиса кое паднало во зајачката дупка и завршило во друг свет. На Алиса Лидел многу и се допаднала приказната и го замолила Чарлс да ја напише. Како што и ветил за неколку месеци Чарлс станал Луис Карол и ја објавил приказната.

Пријателство помеѓу Чарлс и Алиса одненадеж завршило во јуни 1863 година, од непознати причини. Постојат шпекулации дека Чарлс имал несоодветни и романтични чувства кон Алиса и сакал да се ожени со неа кога имала 11 години. Некои тврдат дека Лорина, постарата сестра на Алиса била вљубена во Чарлс и тој ги прекинал односите со семејството. Сепак, нивната приказна ќе остане мистерија, бидејќи страниците од дневникот на Чарлс од тој период се исчезнати, а фотографиите запалени.

Алиса на 20 години

Книгата „Алиса во земјата на чудата“ била презентирана на универзитетот Колумбија, а Алиса била повикана на презентацијата. Таму, таа го сретнала Питер, кој заедно со неговите браќа, бил инспирација за креирање на уште една позната книга „Петар Пан“.

Алиса на 80 години

Алиса си продолжила со животот и се омажила на 28 години за крикет играчот Реџиналд Харгривс. Таа починала во 1934, на 82 години.

 

Сподели на Facebook
пати видено