Во Олимпискиот Национален Парк во Вашингтон се наоѓа дрво кое му пркоси на законот на гравитација. Борејќи се за својот живот, „Дрвото на животот“ се протега над бездна, закачувајќи се на карите со неколку цврсти ластари на своите корења.

Овој изненадувачки случај на растеж е резултат на тоа што карпата под него полека еродирала, но и покрај тоа, џиновското дрво продолжува да се бори за својот живот и да напредува.

dr01

Неверојатното дрво сѐ уште разеленува секоја пролет и покрај тоа што неговите корења имаат многу мал допир со почвата. Иако бројни бури ја погодуваат крајбрежната област кадешто се наоа, сѐ уште не се превртело и осталано отпорно. Дрвото нема официјално име, но во областа го викаат „дрво на животот“ и „дрво-бегалец“.

dr02

dr03

Висечкото дрво не е единственото коешто успеало да расте во невообичаени услови. Друго „дрво на животот“ ги зачудува туристите со години – овој пат во Бахреин. Дрвото заштитено од УНЕСКО е старо приближно 400 годни. Се наоѓа во пустина и е единственото дрво со километри наоколу и покрај тоа што нема снабдување со вода. Се претпоставува дека дрвото црпе вода од длабочините благодарение на своите длабоки корења, но сѐ уште останува мистерија.

dr06

Кривата Шума во Грифино, Полска, е исто така природно чудо сочинето од невообичаено искривени стебла. Покрај тоа, дрвото бомбакс (свилено памучно дрво) во Та Пром, Камобџа, е фасцинантна глетка со своите големи корења обвиткани околу чудесен храм.

dr05

   dr04

Сподели на Facebook
пати видено