Може да биде тешко да се држи чекор со постојано менување на модните трендови, но очигледно еден човек го најде решението; одберете една ера и држете се до неа.

За Зак Пинсент, тој период се 1820-тите. Иако е прилично полесно да се одбере некое време од кое полесно може да се пронајде облека, сепак 25-годишниот Зак ја добил оваа идеја откако кога имал 14 години го пронашол стариот ковчег со облеката на неговиот прадедо и сфатил дека сосема му одговара.

Зак, од Хове, Источен Сасекс, оттогаш ја отфрлил современата мода и само се облекува во историска облека, објаснувајќи дека тоа е единствениот начин на кој се чувствува удобно во 21-от век.

Наместо да бара облека по продавниците Зан сам си ја шие облеката и понекогаш му е потребна и една година за да постигне совршенство.

Неговата напорна работа често ја фалат луѓето на улиците и од помодерните модни навики Зак е познат и на социјалните мрежи и има над 40.000 следбеници.

Освен што добива комплименти момчето добило и неколку предлози за брак: „Добив многу предлози за брак и многу други работи. Мислам дека индикативно е дека жените сакаат џентлмен и некој што се грижи за неговата презентација и изглед. Тешко е за мажите, не можеме да покажеме ентузијазам, но јас го сакам она што го правам и го правам само за моето уживање. За мене е ‘погрешно дрво-погрешна шума’ ситуација.“, вели Зак.

Сподели на Facebook
пати видено