Тинејџер од Канзас доби диплома од Харвард, нешто повеќе од една недела по завршувањето на средното училиште.

Бракстон Морал излегол на бината за да си ја земе својата средношколска диплома, а само 11 дена подоцна, на 30 мај тој ќе оди на свеченоста да си ја земе и својата диплома за додипломски студии од Харвард.

17-годишното момче ги следело курсевите на Харвард преку интернет курсеви, уште кога имал 11 години. Повеќе од половина студенти на „Harvard Extension“, се на возраст од 25 и 40 години, а просечната возраст е 34 години. Морал вели дека некои од модулите ги следел онлајн, а дел од нив во текот на летото во Харвардскиот кампус во Кембриџ, Масачусетс.

Тој ќе добие диплома следната недела со АЛБ, диплома по либерални уметности во Харвард. Сепак, не се знае дали родителите Карлос и Џули ќе можат да присуствуваат на церемонијата. Џули била на листа за чекање за трансплантација на бубрег околу една година, но минатата недела во вторникот добила повик дека донаторот бил пронајден. Морал вели дека ова е тројна среќа за него и дека родителите многу го подржувале во текот на неговото 6-годишно образование на Харвард.

Тој дури напишал книга со наслов „Харвард во срцето“, која го опишува неговото патување за да стане прв и единствен студент во историјата на Харвард од 375 и плус години кој завршил со двојна матура. Морал сега се надева дека ќе оди на Правниот факултет во Колумбија, каде што сака да го проучува уставниот закон.

Сподели на Facebook
пати видено