12-годишната ќерка на Роми работници во Англија ја крева границата на човечката интелегенција, на голема радост на нејзиното семејство и заедница.

Никол Бар од Есекс решила тест за коефициент на интелегенција со совршен од резултат од 162. Овој резултат ги надминува коефициентите на познати генијалци како Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг и ја става во врвните 1 отсто во светското население. Просечниот коефициент на интелегенција за возрасните е 100, а сѐ што е над 140 се смета за интелегенција на гениј.

g01

За Вестерн Дејли Никол вели: „Кога дознав дека сум направила толку висок резултат, беше толку неочекувано што се шокирав.“

Нејзиниот татко, 36-годишниот Џејмс Бар, вели дека интуитивно знаел дека таа би можела да се вброи во друштвото на врвните интелектуалци.

g02

„Отсекогаш сакаше бројки и ребуси и секогаш беше одлична во математика, и на училиште напредуваше неколку години пред нејзината возрасна група. Таа ги сака предизвиците.“

Дванаесетгодишното девојче живее во ромски караван заедно се нејзиниот татко и помалата полусестра. Нејзиниот горд татко вели дека во нивната заедница постојано се зборува за нејзиното академско достигнување.

g03

„Убаво е за промена да не има за нешто добро на вестите. Ова покажува дека без оглед на тоа од каде произлегувате, секој би можел да стане врвен интелектуалец“, вели тој.

Никол отсекогаш била понапредна од нејзиниет врсници. Уште на десет години таа можела да решава сложени математички проблеми. Во моментот таа ја посетува Брнт Мил академијата во Харлоу, кадешто игра во училиштни претстави и се надева дека еден ден ќе стане докторка.

„Никол е брилијантна ученичка“ вели Хелена Милс, директорка на Брнт Мил. „Таа неверојатно многу се труди и уште од првата година со нас се вклучи во многу различни активности.“

Само 110.000 луѓе од целиот свет се прифатени во ексклузивниот круг на Менса, при што 35 отсто од нив се жени и само 8 отсто однив се помлади од шеснаесет години.

Сосема очекувано, децата генијалци се академски зрели за нивната возраст, добро се подготвени во дадена област, имаат неверојатна меморија и претпочитаат своето време да го минуваат со постари луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено