Се вели дека Салата на записите го држи клучот за разбирањето на нашата цивилизација и вистинската историја на човештвото. Според митологијата, тоа е библиотека закопана некаде во Египет, и многумина веруваат дека се наоѓа под енигматската Сфинга од Гиза, која гордо бдее над пирамидите во Гиза. Откритието на огромна подземна библиотека, најдена во 2008 година, засекогаш би можело да ја промени историјата за потеклото на древната египетска цивилизација.

lv01

Се вели дека во салата на запистие е сместено сето знаење на древните Египќани, документирано на свитоци папирус и се верува дека во нив е забележана и историјата на изгубиениот континент Атлантида, како и неговата местоположба. Според важноста, египетската Сала на записи е од исто толкаво значење како и големата Александриска библиотека, која го чувала знаењето на античкиот свет.

Иако конвенционалните научници цврсто стојат на ставот дека нема никаков доказ кој посочува дека Салата на записите некогаш постоела, научници како Роберт Скоч и Томас Добек веруваат дека таа би можела да се наоѓа под Сфингата. Во книгата „Пораката на Сфингата“, Грахам Ханкок и Роберт Бовал тврдат дека египетската влада заедно со американските археолози блокирале било какво истражување околу или под Сфингата, спречувајќи било кој да ги лоцира подземните простории и да најде што е тоа што се крие под Сфингата. Меѓу тие кои веруваат во постоењто на оваа библиотека има луѓе кои сметаат дека таа била изградена од страна на египетската цивилизација, но други кои сметаат дека таа не била изградена од нив туку од постара цивилизација која ѝ претходи на египетската.

Но, што ако Салата на записите воопшто не се наоѓа под Сфингата? Што ако навистина има џиновска подземна библиотека закопана некаде во Египет. Нљводно пред извесно време е направено сензационално откритие, кое е потиснато од страна на мејнстрим археолозите и научниците. Тоа откритие би можело да се смета за едно од најзначајните на векот.

Интересно е тоа што постоењето на подземна библиотека е спомната од страна на Херодот и Страбон, кои го имале задоволството да го посетат лавиринтот пред тој да биде загубен за историјата. Врз основа на опишувањата во старите текстови како тој на Херодот, како и други кои го посетиле магичниот лавиринт, еден германски језуитски научник од 17-тиот век по име Атанасис Кирчер го создал првиот сликовит приказ на на енигматскиот лавиринт, исто како што го опишал Херодот:

„Тој има дванаесет покриени дворови, со порти кои гледаат една кон друга, шест од северната и шест од јужната страна, а однадвор ги оградува еден ист ѕид. Во него има два вида на простории, над земјата и подземни и се три илјади на број, по 1500 од секој вид. Горните простории ги видвме и ние самите…“

Во 2008 година група белгиски и египетски истражувачи нашле подземен храм кој се состои од 3000 простории полни со неверојатни хиероглифи и фрески. Загадочниот подземен комплекс се наоѓа на помалку од 100 километри од Каиро, недалеку од пирамидата на Аменемхат III. Ова неверојатно откритие било криено од очите на јавноста под мистериозни околности. Резултатите на научната експедиција биле објавени во 2008 година во научниот журнал НРИАГ, а било одржано и предавање во Белгија, во присуство на медиумите. Но, откритието набргу било потиснато откако главниот секретар на Врховниот совет за антиквитети на Египет забранил секаква понатамошна комуникација во врска со откритието.

Во 2010 година Де Кордие отворил веб страница наречена Египетскиот Лавиринт (Labyrinth of Egypt) со цел откритието да го направи достапно за целиот свет. Иако истражувачите го потврдиле постоењето на подземниот комплекс, потребни се големи ископувања во иднина со цел да се истражи неверојатното откритие. Се верува дека богатствата во подземниот Лавиринт би можеле да го содржат одговорот за безбројни историски мистерии за древната египетска цивилизација.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено