Големата пирамида во Гиза можеби содржи дополнителни мистериозни простории. Експертите го потврдиле постоењето на две празнини откако го скенирале милениумскиот споменик со радиографска опрема. Ова следи по објавата на египетското Министерско за антиквитети дека биле најдени аномалии во пирамидата изградена пред 4500 години во времето на фараонот Куфу. Се извршуваат понатамошни тестови за да ја определат фуннкцијата, природата и големината на овие простории.

Со височина од 146 метри, Големата пирамида во Гиза, исто така именувана и како Пирамидата на Куфу, според синот на фараонот Снефру, се смета за една од седумте чуда во древниот свет. Таа има три познати комори, и како и останатите египетски пирамиди, била наменета како гробница за владетело.

„Сега можеме да потврдиме за постоењето на празнина скриена зад северниот ѕид, која би можела да претставува најмалку еден коридор во Големата Пирамида“, велат научниците. Другата празнина била откриена на североисточното крило, велат научниците, кои употребуваат радиографија и 3D реконструкција за нивната студија.

pr01 pr14 pr13 pr12 pr11 pr10 pr09 pr08 pr07 pr06 pr05 pr04 pr03 pr02

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено