Гроб стар 5.000 години во кој се наоѓаат љубовници „Ромео и Јулија“ е откопан во Караганда регионот на Казахстан.

Тие биле поставени да лежат на страна, еден до друг, а мажот бил вооружен со стрели и метален нож. Жената носела накит, вклучувајќи и нараквици изработени од полудрагоцен камен.

Она што е интересно дека поради нивната смрт биле жртвувани и два коњи со кочија. Се претпоставува дека коњите требале да ги однесат во задгробниот живот. Тие веруваат дека машките коски можеби припаѓале на елитен кочијаш од бронзеното време.

Археологот д-р Игор Кукушкин, задолжен за ископувањата, вели дека има неодговорени прашања за тоа дали двојката Ромео и Јулија биле заедно во животот, а во тој случај најверојатно некој ја направил крајната жртва и си го одземал животот или бил убиен за да биде закопан со другиот.

Гробното место е опкружено со камења поставени во вертикална положба. Се верува дека гробовите биле ограбени пред неколку века, но сепак главните важни археолошки остатоци, се во одлична состојба.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено