Од поколенија на поколенија се раскажува приказната за високо напреднат град со неверојатна технологија за тоа време, вклучувајќи и „летачки направи“. Како што се тврди во видеото подолу, откопувањето на градот траело речиси триесет години, сѐ додека еден ден не било ненадејно запрено, без да се каже ниту еден збор зошто.

Дварка, што се преведува со „порта“, „двери“, е древен град потопен под водата во близина на брегот на Индија и стана познат како „Атлантида на Истокот“. Всушност, тоа не е еден град, туку два града кои заедно се поголеми од островот Менхетен, а артефактите најдени во нив го датираат некаде пред 32.000 години.

dwarrka

Древните градови како Дварка и древните артефакти кои почнуваат да се откриваат насекаде околу светот посочуваат дека во минатото можеби постоела напредната цивилизација за која науката не кажува. Дали тие биле моќните Нефилим, т.е. џиновите за кои раскажува Библијата во Битие, гл. 6.4. или биле суштества од далечините, како што сугерираат сумерските ткстови, или пак нешто сосема друго? Кои се тајните кои ги знаеле за земјата, а коишто ние не ги знаеме? Како успеале да изградат толку прецизни структури, ако сѐ што имале биле некои наметки од кожа кои ги носеле и живееле десетици илјадници години пред измислувањето на тркалото?

Дварка денес е мал град во областа Девбхооми Дварка во државата Гуџарат, Индија. Во хиндуистичката, будистичката и џаинистичката традиција се спомнува градот Дварака (Dvārakā, а понекогаш и Dvāravatī – на санскритски, град со многу порти, на пример споредете со старословенскиот збор дверь, зачуван и денес во рускиот јазик и кој значи врата.) Се раскажува дека името на градот Дварака, еден од „Сапта Пури“, т.е. Седумте Свети Градови, му го дал хиндуистичкиот бог Кришна. Имено, богот Кришна имал прекрасен и просперитетен град со 70.000 палати од злато, сребро и други скапоцени метали. По неговата смрт, градот потонал во морето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено